Овермарс доживеал и мозочен удар, срцето му работи само 30%

439

Легендарниот холандски фудбалер Марк Овермарс (49) кој доживеа срцев удар во последните денови од минатата година, три недели подоцна доживеал и исклучително тежок мозочен удар.

Според медиумите, спортскиот директор на белгиски Антверпен бил примен во болница на 30 декември, а сега е пуштен на домашно лекување. Состојбата му се стабилизира, иако срцето му работи со капацитет од 30 проценти!

Срцевиот мускул на поранешниот крилен напаѓач престана да работи и неговата способност да пумпа крв во телото е намалена за 70 проценти. Прогнозите се дека ќе му треба најмалку една година да закрепне, а до крајот на животот ќе мора да зема соодветна терапија.

Марк Овермарс се прослави во Ајакс, Арсенал и Барселона и десет години беше спортски директор на амстердамскиот гигант.

ПретходноРогановиќ повеќе не е селектор на Црна Гора
СледноТРЕТАТА ТУРНИРСКА ФАЗА ВО „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk ЗАВРШИ, СЛЕДУВА СРЕЌНО ТРКАЛО