Оклахома ја прекина победничката серија на Денвер, Бруклин подобар од шампионот

113

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Денвер со 101:99 и со тоа ја прекинаа серијата од девет последователни победи на Нагетс. Покрај тоа, со оваа победа на Оклахома беше прекината и серијата на Денвер од 16 победи на домашен терен, што е најдолгата серија на оваа франшиза во изминатите десет години.

Најзаслужен за успехот на Сити Тандер беше Шеј Гилџес Александер кој постигна 34 поени, вклучувајќи го и решавачкиот кош на 9,2 секунди до крајот. Денвер вториот меч во низа го одигра без Никола Јокиќ, а на овој натпревар беше и без Мајкл Портер.

Кошаркарите на Феникс ја забележаа третата последователна победа бидејќи победија против Мемфис со 112:110. Микел Бриџис ги предводеше Санс до победата со 24 поени, Крис Пол, кој пропушти седум натпревари поради повреда на колкот, додаде 22 поени и 11 асистенции.

Пораз во големото дерби синоќа за шампионот Голден Стејт, кој беше поразен од Бруклин со 120:116. Кајри Ирвинг постигна 38 поени, девет асистенции и седум скока за Нетси, кои ја освоија втората последователна победа без повредениот Кевин Дурент, додека Ник Клаксон додаде 24 поени и 15 скока. На другата страна најдобар беше Стеф Кари со 26 поени, седум асистенции и шест скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Торонто – Њујорк 125:116

Денвер – Оклахома 99:101

Феникс – Мемфис 112:110

Голден Стејт – Бруклин 116:120

Портланд – ЛА Лејкерс 112:121

Мајами – Њу Орлеанс 100:96

Далас – ЛА Клиперс 98:112

ПретходноЛинет ја запре и четвртата носителка на АО и обезбеди четвртфинале
СледноЦрвена Звезда донесе бек од Ривер Плejт