Данска на дело покажа зошто повторно е главен кандидат за титулата на Светското првенство. Оваа селекција која е бранител на тронот и има шанса да испише историја на Мундијалот им одржа лекција на Роберто Гарсија Парондо и Египет во последниот меч од главната фаза во групата 4. Данците славеа со 25-30 и го освоија првото место, во четвртфиналето ќе играат против Унгарија, додека Египет со Шведска.
Актуелниот светски првак влезе моќно во првото полувреме, Ландин запиша три одбрани, а додека неговиот тим поведе со 1-4 после само пет минути. Данците во десетата минута имаа 3-9. И не застанаа поведоа со плсу седум 5-12, 6-13, 7-14 и 8-15. На другата страна Египет, предводен од Роберто Гарсија Парондо со серија од 4-0 намалија на 11-15, но сепак на одморот резултатот беше 12-17 за Данска.
По само 11. минути, негативата за Египет изнесуваше осум разлилика 14-22, не помогна тајм-аутот на Парондо. Противникот продолжи да доминира, на крајот на египетските ракометари им остана да се помират со првиот пораз, додека данските репрезентативци во четвртфиналето патуваат без пораз.
Гидсел постигна осум гола исто толку и Симон Питлик, два помалку имаше Хансен.
Изедначена игра видовме на втората средба од последниот термин. Таму Германија и Норвешка се бореа за првото место, а истото му припадна на кој на кои славеа со 26-18. Главната улога во редовите на норвешката репрезентација ја имаше голманот, Бергерут. Средбата ја заврши со 12 одбрани, четири во последните четири минути. Норвешка успеа да поведе со 25-28 во последната минута за крај на сите надежи.
ДВОЈКИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ (25.01/Гдањск и Стокхлом)
Франција – Германија
Шведска – Египет
Норвешка – Шпанија
Данска – Унгарија