Македонската ракометна репрезентација со предност од заминува на одморот против Мароко во Плоцк 18-12. Нашите момци се на добар пат да дојдат до втората победа на овој Мундијал.
Стрелци Македонија: Серафимов: 3, Талески: 1, Атанасијевиќ: 4, Костески: 3, Кузмановски: 4, Петров: 3. Томовски има четири одбрани.
Во составот за оваа средба го нема Гоце Георгиевски, а мечот не го почнаа ниту Дејан Манасков и Филип Кузмановски, на голот застана Мартин Томовски. Лазаров за крилната позиција се одлучи за Петар Атанасијевиќ и Ненад Костески, кои добро се покажаа на стартот.
Серафимов отвори со два гола по една одбрана на Томовски за 2-1. А по изедначувањето, Атанасијевиќ и Костески со по два погодоци, и Талески зголемија на 7-2 во 11. минута.
Како некое непишано правило на овој Мундијал, серија на технички грешки го вратија противникот во игра, со серија од 1-4 намали на 8-6 на средината на првото полувреме. Во игра влезе Кузмановски, Лазаров направи промени на теренот. Пешевски се повреди, до одморот не се врати на теренот.
Наместо Македонија да гази, токму ради изгубени топки, беше во позитива од два до три гола. И Мароко не искористи два напади, па Серафимов, Кузмановски и Петров зголемија на највисоки 16-11 во 26. минута. Кузмановски зголеми на 18-12, не искористи шана да биде плус седум на одморот. Но, и овој резултат е добар за оставрување на втора радост.