Промени во стручниот штаб: Едуарда Аморим на местото на Црвенкоска!

3271

Македонската ракометна женска репрезентација ЕХФ-неделата ќе ја дочека со промени во стручниот штаб. Ново лице во тимот на селекторот, Љубомир Савевски е Едуарда Аморим.

Поранешната ракометарка на Македонија Ѓ.П и екс-репрезентативка на Бразил почнува нова мисија во својата кариера како тренер и тоа во најдобриот женски национален тим на Македонија. Таа доаѓа на местото на Јулијана Црвенкоска.

Аморим, која е македонска снаа, по завршување на играчката кариера целосно се насочи кон тренерските води, своето искуство ќе има шанса да го пренесе на нашите млади ракометарки.

Инаку Савевски како што беше највено, уште утре ги почнува подготовките за ЕХФ-неделата, поточно за бараж дуелите во април со Украина во Скопје и Кишварда. Европското првенство покажа дека со националниот тим мора да се работи напорно, па токму затоа ќе се работи еднаш во недела со ракометарките кои настапуваат во домашниот шампионат.

ПретходноХрватска го победи Бахреин – чека на египетско чудо против Данска
СледноСара Ристовски без грешка, ЦСКА убедлива!