Радески и Ибрами: Некогашниот напаѓачки тандем на Шкендија сега ќе “тресе“ за Струга ТЛ, нека му ја мислат противничките голмани!

432

Оваа зима во редовите на есенскиот првак дојде Марјан Радески. Повремениот репрезентативец на Македонија, некогашен член на златната генерација на Шкендија од 2015 до 2020 кога тетовци освојуваа титули, играа трипати во плеј – офот во Лигата на Европа. Радески во Шкендија со Бесарт Ибраими беше ударниот напаѓачки тандем на Шкендија, но сега тој тандем ќе “тресе“ за Струга ТЛ која има извонредна шанса за првпат во својата куса историја да дојде до шампионскиот пехар. Ибраими во есенскиот дел си ги искажа своите квалитети, со тие 9 голови не само што беше прв стрелец на тимот туку, заедно со Дориев од Шкендија, и прв стрелец на ПМФЛ.

Јасно е дека сите во Струга ТЛ очекуваат од овој тандем, Радески – Ибраими многу голови, одлични партии.

А Радески уште на своето деби, вчера на контролата со Охрид, го постигна својот гол – првенец за Струга ТЛ.

Треба само добро да се подготват и двајцата, а потоа нека му ја мислат противничките голмани.

Секако покрај Радески и Ибрами, не смееме да заборавиме дека Струга ТЛ и стратегот Срѓан Захариевски во нападот има уште адути. Пред се малиот Христијан Малески, кој беше откритие на есенскиот дел, потоа Сухејл Мухарем, Фатјон Јусуфи, Валентин Кочоски.

Нема што, Струга ТЛ има и тоа како респектабилен напад.

ПретходноСАД приреди нова сензација – победија и европска селекција на СП
СледноЛудо: Барселона на крајот на сезоната ќе го донесе рекордерот на Реал