Од 15:30 часот се одиграа два меча на Мундијалот. Во мечот од групата 3 Аргентина ја оствари првата победа во главната фаза со тоа што го совлада Катар со 26-22. Оваа победа ги стави „Гаучосите“ на 19 место на Мундијалот.
Во мечот од групата 4 селекцијата на САД за првпат победи и една европска селекција. Американците ја совладаа Белгија со 24-22 за петто место во групата и 20. позиција во севкупниот пласман на СП во Полска и Шведска.
Во Президент купот Тунис го совлада Алжир со 30-25 за максимални 6 бода во групата.