Танкоски го продолжи договорот со Пелистер

131

Е.Пелистер и Марио Танкоски потпишаа нов договор, заклучно со јуни 2025 година. Средниот бек во Битола дојде во 2020 година од тимот на Металург.

„Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот. Тенденцијата најдобрите македонски ракометари да играат во нашиот дрес продолжува и во тој правец е следниот потпис“, соопштија од битолскиот клуб.

По потпишувањето на договорот, Танкоски потенцира дека за него е важна довербата од стручниот штаб.

„Овој нов договор претставува континуитет, се надевам, на мои добри настапи во Битола и во Еурофарм Пелистер. Две години ме шетаа во тимот, но оваа година го најдов правиот начин на игра. Играм солидно, уште не сум во формата во која бев пред да дојдам тука, но останувам и среќен сум поради таа одлука.

Довербата од стручниот штаб и тренерот е на високо ниво и тоа е многу важно за мене. Во ова продолжување на договорот улога играше желбата на тренерот да останам тука. Нема подобро нешто од доверба од стручниот штаб, имам слобода, самодоверба и тоа за мене е од големо значење“, смета средниот бек.

ПретходноЛампард не е повеќе тренер на Евертон
СледноМилосављевиќ се врати во Силекс