Португалскиот стручњак Фернандо Сантос е еден од главните кандидати за селекторската функција на полската фудбалска репрезентација, пренесуваат полските медиуми. Сантош кој по СП 2023 ја напушти селекцијата на Португалија и сега е слободен.
Тој бил во потесниот круг на можни селектори на Полска заедно со Паоло Бенто и Владимир Стојковиќ. Сепак, раководството на Полскиот фудбалски сојуз го одбрал Фернандо Сантош за нов селектор. Полјаците пишуваат дека 68-годишниот тренер утре ќе пристигне во Варшава за да потпише договор со важност до 2026 година.