Хајдук ќе добие 200.000 евра, Јани Атанасов и официјално во Краковија

675

Јани Атанасов и официјално е нов играч на Краковија, тим со кого потпиша договор на три и пол години. Македонскиот фудбалер во редовите на полскиот тим доаѓа од Хајдук, а според информациите од хрватските медиуми, сега веќе екс-клубот на Атанасов ќе добие отштета од околу 200.000 евра.

Договорот на Атанасов со Хајдук истекуваше на крајот на сезоната.

Инаку Краковија се наоѓа на осмото место на табелата во полскиот шампиоант со 25 бода.

ПретходноПознати се 1/4 финалните двојки: Данска го патосираше Египет на Парондо, Бергерут херој на Норвешка!
СледноБизарно однесување на Хорват: Наместо одговор само ја отвори устата, ја тролаше новинарката (ВИДЕО)