Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен. Деветкратниот шампион на првиот Грен слем сезонава го декласираше локалниот фаворит Алекс Де Минаур со 3:0 во осминафиналето, по сетови 6:2, 6:1, 6:2.
Новак денеска немаше видливи проблеми од повредата и брзо и ефектно го реши противникот. Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде шестопласираниот Русин, Андреј Рубљев, кој утрово во вистинска драма го совлада Данецот Холгер Руне со 3:2 во сетови.