И натаму Валенсија продолжува со своите лоши игри и пред се лоши резултати. Вечерва на “Местаља“, домашната Валенсија одигра само 2:2 против солидниот тим на Алмерија, во меч од 18.коло во Ла Лига.
Интересно,сите четири голови беа постигнати во второто полувреме, а Алмерија на 0:0 во 44.минута не реализираше пенал преку Рамазани.
Серијата голови ја отвори Клајверт во 48.минутаза 1:0 за Валенсија, израмни Чуми шест минути подоцна. Валенсија во 65.минута преку Гаја погоди за ново водство, но конечните 2:2 ги постигна Портиљо во 74.минута.