Линет ја запре и четвртата носителка на АО и обезбеди четвртфинале

68

И четвртата носителка на Австралија Опен, Французинката Каролин Гарсија е елиминирана од првиот Грен Слем. По 117 минути игра подобра од неа беше Магда Линет од Полска со 7:6 (3), 6:4.

За полската тенисерка ова е прв пласман во четвртфиналето на Грен слем турнир и тоа апсолутно го заслужи, бидејќи исфрли три носителки на патот до најдобрите осум.

Иако Гарсија имаше 3:0 во воведниот сет, Линет се избори за тај-брејк кој го доби со 7:3. Таа во вториот сет успеа да стигне до брејк во деветтиот гем за 5:4, а потоа во следниот гем ја искористи првата меч-точка. Сега во четвртфиналето Линет ќе игра со Каролина Плишкова, која ја победи Жанг со 6:0, 6:4.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и хрватката Векиќ која беше подобра од Фрухвиртова од Чешка со 6.2, 1:6, 6:3, како и Белорусинката Сабалекна, која со 7:5, 6:2 ја совлада Бенчиќ од Швајцарија.

ПретходноЏерард: Навивачите на Челзи треба да бидат среќни, го добија новиот Робен
СледноОклахома ја прекина победничката серија на Денвер, Бруклин подобар од шампионот