Работнички оваа зима, за разлика од неколкуте зими наназад, кога престојуваше во Анталија, главниот дел од подготовките за пролетниот дел ќе ги одработи во Охрид. Јасно е дека клубот од Дебар Маало го чека тешка пролет, токму затоа оваа зима мора по секоја цена тимот да биде квалитетно подготвен.
За тоа како течат подготовките, што ќе се работи во Охрид и дали ќе има уште нови имиња, свое видување за “Спортмедиа“ дава Милан Илиевски, стратегот на Работнички:
“Искрено јас сум презадоволен од тоа како досега се работеше. Засега се оди според зацртаниот план. Во Охрид ќе бидеме од 28 јануари па се до 6 февруари. Таму планирано е да се одиграат и три пријателски средби. На 31 јануари ривал ни е Пелистер, потоа на 3 февруари ќе се сретнеме со Охрид а три дена подоцна и со Воска. Пред да заминеме во Охрид, на 25 јануари ќе одиграме со Кожув во Гевгелија. Посладната контрола пред стартот на пролетната полусезона ќе ја имаме на 11 февруари. Што се однесува до преодниот рок јас сум задоволен, добро сме екипирани. Сепак не сме ги затвориле вратите за еден играч за врска и еден дефанзивец, ама не по секоја цена“ заклучи Илиевски.