Милосављевиќ се врати во Силекс

365

Офанзивниот играч за врска Стефан Милосављевиќ е нов фудбалер на Силекс. Српскиот фудбалер роден во Крушевац доаѓа во кратовската екипа како слободен играч откако му истече договор со Рад.

Инаку Милосављевиќ всушност се враќа во кратовската екипа чиј дрес го носеше во 2018 година. Тој играше за бројни српски клубови како Нови Пазар, Раднички Ниш, Мачва, Младост, Земун,. Борац Бивоље, Напредак, а една сезона и во унгарски Путнок.

ПретходноТанкоски го продолжи договорот со Пелистер
СледноБез Георгиевски против Мароко!