Пеп: Арсенал не ни бега 25 бода, се уште можеме да бидеме шампиони

780

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека ќе го напушти клубот кога ќе почувствува дека повеќе нема контрола над соблекувалната, пренесуваат британските медиуми.

Манчестер Сити моментално е на второто место на табелата со пет бода помалку од првопласираниот Арсенал, но „граѓаните“ имаат и натпревар повеќе. Гвардиола истакна дека разбира оти играчите во неговиот клуб повеќе ја немаат истата „глад“ за трофеи. Тој изјави дека имал идентична ситуација кога бил тренер на Барселона.

„Ги разбирам фудбалерите, но тука сум да ги исправам работите. Претседателот знае, сакам да бидам тука, но ако загубам, ќе си заминам. Жал ми е за оние кои не сакаат, но ќе влеземе во историјата со она што го постигнавме во Премиер лигата“, рече Гвардиола.

Шпанскиот стручњак истакна дека верува дека Манчестер Сити се уште може да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Клубот мора да оди напред. Сега сме втори, но не со 25 бода помалку од Арсенал. Остануваат уште 57 бода до крајот на сезоната“, заклучи Гвардиола, кој со Манчестер Сити освои 11 трофеи.

ПретходноКонте во јуни си заминува, Тотенхем ќе го врати Покетино
СледноРогановиќ повеќе не е селектор на Црна Гора