Ракометарите на мегдан со Мароко, победа ќе значи битка за 27. место на СП!

591

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот меч од групната фаза во Президент Купот на Светското првенство. Противник на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Мароко.

И двете репрезентации имаат по два бода. Македонија со поразот од Тунис ги изгуби сите шанси да игра за 25. место на овој шампионат, па сега останува да го совлада Мароко и да се најде во битка за 27 позиција.

Противникот треба да се добие дефинитивно, за разлика од „црвено-жолтите“ против Алжир едвај дојде до победа. Македонија има и поголем квалитет, тоа треба да го покаже на терен денеска во Плоцк.

Нашите ракометари до сега имаат четири порази и една победа, па Мароко ќе биде одлична шанса за нова победа, но и дуел за против Ј.Кореја за повисока позиција. Против Мароко и реми ќе не однесе во битката за 27. позиција, „црвено-жолтите“ имаат подобра гол-разлика, +10 наспроти -4 на Мароко.

Митревски имаше два добри меча на голот, се разбуди Кузмановски, добра партија пружи и Манасков, останува одбраната добро да се скокцка за да финишот биде подобар од почетокот.

ПретходноЃоковиќ во четвртфинале: Де Минаур решен во три експресни сета
СледноНеверојатно: Молеше да дојде во Јувентус, а сега бара да се врати во Манчестер Ј.