Зоран Рогановиќ повеќе не е селектор на репрезентација на Црна Гора. По вчерашниот пораз од Словенија, Рогановиќ ја соопшти одлуката.
„Не успеав во она што им го ветив на луѓето од Федерацијата, но и на играчите дека на крајот од овој циклус ќе ги играме Олимписките игри. Навистина верував во тоа“, изјави Рогановиќ.
„Синоќа го информирав тимот и претседателот на Здружението. Го оставам тимот во феноменална состојба. Ова е многу добар тим кој има континуитет на натпреварување. Зад себе оставам феноменални играчи и луѓе и сигурен сум дека претседателот на Федерацијата ќе направи одличен избор, ќе донесе човек кој ќе ги собори сите рекорди. Можеби ќе се вратам еден ден, подобро, попаметно“, заклучил тој.
Рогановиќ четири и пол години беше на чело на селекцијата на Црна Гора.