Турција е посакувана дестинација: Осум наши клубови оваа зима ќе се подготвуваат во Анталија!

1445

И оваа зима, како и во минатите 15-20 години, дел од нашите клубови својата главна фаза од тековните подготовки ќе ги одработуваат во Анталија. Во турскиот спортско – туристички центар, има или ќе има клубови од речиси цела источна Европа, но и од Азија како што и досега беше пракса.

Што се однесува до македонските клубови, дури осум ќе престојуваат или веќе се таму, во тој фудбалски рај каде ќе ги имаат сите погодности. Пред се фантастични терени, прекрасно сместување и се разбира силни спаринг – партнери како формата би се постигнала токму на време, за 19 февруари кога и почнува пролетниот дел во ПМФЛ и ВМФЛ.

Од прволигашите во Анталија ќе заминат пред се есенскиот шампион Струга Трим Лум, потоа Шкупи, Шкендија, Силекс, Македонија ЃП а А. Пандев веќе е таму и вчера го одигра својот прв пријателски натпревар.

Од второлигашите во Анталија ќе престојуваат Гостивар и Беса.

Останатите наши прволигаши, како Тиквеш, Брегалница, Работнички, Победа и Скопје оваа зима подготовките ќе ги одработат во Македонија, а некои од нив нема ни да мрднат од својот град или својот терен.

Кој колку пари има така и ќе прави. Од второлигашите Пелистер десет дена ќе биде во Охрид каде што ќе се обиде да се воигра за пролетните мечеви во ВМФЛ.

На крај кога сме кај Анталија таа бројка од осум клубови и не е рекордна. Да се потсетиме дека пред неколку години дури 10 клубови престојуваа во познатиот турски бисер.

ПретходноНеверојатно: Молеше да дојде во Јувентус, а сега бара да се врати во Манчестер Ј.
СледноШокантно: Мбапе е фатен како го имитира срамниот гест на Емилијано Мартинез! (ВИДЕО)