Новак Ѓоковиќ си “гази“ на АО во Мелбурн. Во меч од 1/8 финалето Србинот го декласира Алекс де Минаур во три сета и успеа да се најде на три победи од својата рекордна десетта титула на Гренслемот во Австралија.
Ни проблемите со повредите, ниту пак новите провокации од дел од фановите, не му попречија на Новак денеска да се дојде до уште една победа.
По мечот со Де Минаур, коментаторката на „Евроспорт“ познатата некогашна австриска тенисерка Барбаре Шет Игл, направи навистина неочекуван гест.
“Морам да се штипнам за да се уверам дека и натаму си само човек. Да, навистина си човек“ му рече убавата Барбара на Новак откако го штипна. Се разбира дека Ноле немаше ништо против да докаже дека е човечко суштество.
"There's not much to say about my performance… it was 𝐚𝐥𝐦𝐨𝐬𝐭 𝐟𝐥𝐚𝐰𝐥𝐞𝐬𝐬!" 💪
😅 @Babsschett had to pinch Novak Djokovic make sure he was human after 𝙩𝙝𝙖𝙩 display 🤖#AusOpen | @DjokerNole pic.twitter.com/lSHc3wm2oV
— Eurosport (@eurosport) January 23, 2023