Четири екипи од Италија прашуваат за Несторовски

1417

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски може да го напушти Удинезе до крајот на зимскиот преоден рок. Тој добива мала минутажа во составот од Удине, а му истекува договорот до крајот на сезоната и би можел уште сега да си замине од „Фриули“. Неколку италијански екипи го сакаат во своите редови кои ќе му дадат повеќе простор за игра.

Во последните неколку недели е поврзуван со прволигашот Лече, но има и уште три клубови од Серија Б. Во Италија кружат информации дека тренерот Пипо Инзаги го сака нашиот фудбалер во Реџина, а другите заинтересирани се Венеција и Модена.

Договорот на Нестор истекува на крајот на сезоната, па Удинезе би прифатил секоја понуда за откуп и да го продаде за да не го „изгуби“ без пари.

 

ПретходноУжасни вести од Велес: ФК Борец пред згаснување!
СледноЛампард не е повеќе тренер на Евертон