Актуелниот германски првак Баерн (М) беше пред пораз на мечот со Келн во новото 17. коло од Бундеслигата, но благодарение на погодокот на Џошуа Кимих во 90. минута, баварците се спасија од пораз.
Келн одигра одличен меч и успеа да поведе преку Скхири уште во 4. минута на средбата. Иако домашните доминираа, не успеаја да реализираат ниту една шанса за порано да се враат во егал. Ова е второ реми на Баерн (М) во воведните две кола од пролетната полуетапа со што им даде шанса на ривалите да им се доближат на 3-4 бода на врвот на табелата.
Вечерва убедлив триумф на гости оствари Волфсбург против Херта од 5:0, додека Хофенхајм слично на Баерн во последните минути се спаси од пораз на домашен терен играјќи 2:2 против Штутгарт.
Standings provided by Sofascore