Французинот Клемент Ноел победи во ноќниот слалом во Шладминг, Австрија, вечерва со одлично возење во двете трки, оставајќи ги зад себе главните фаворити за подиумот.
Втор заврши Швајцарецот Рамон Ценхаусерн со седум стотинки заостанување, а трет беше Норвежанецот Лукас Братен (+0,38).
Првопласираниот по првата трка, Кристоферсен, имаше очајно второ возење и на крајот мораше да се задоволи со пласман на 11. позиција.