Карен Хачанов (Русија) е првиот полуфиналист на Австралија опен во машка конкуренција. Себастијан Корда (САД) го предаде четвртфиналниот меч во Мелбурн – 7:6 (7:5), 6:3, 3:0.
Во третиот сет американскиот тенисер сфати дека повредата на десната рака е таква што не може да издржи уште три гејма и дека е подобро да се повлече, стана од столот, тргна кон својот ривал и му го даде дуелот.
Сега рускиот играч ќе навива за изненадување во втората полуфинална пресметка. Таму играат Стефанос Циципас (Грција) и Јиржи Лехечка (Чешка). Јасно е дека ќе навиваат за изненадување. Гркот лани во Ротердам го совлада Лехечка по пресврт.
„Секако дека никогаш не сакате да победувате вака, се надевам дека брзо ќе закрепне. Што се однесува до мојата игра, секогаш има осцилации, цело време верував во себе, но кога ќе добиеш вакви резултати почнуваш уште повеќе да веруваш во себе. На овој начин уште повеќе растеш како тенисер и како личност“, изјави Хачанов по мечот.
Sebastian Korda has been forced to retire due to injury.@karenkhachanov advances 7-6(5) 6-3 3-0 ret.#AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/AbiEHT4iKh
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2023