Само две недели откако и официјално се збогува со активнот играње на фудбал, Геретн Бејл и официјално ќе стартува со нова прифесионална кариера.
„Возбуден сум што можам да објавам дека ќе играм на AT&T Pebble Beach Pro-Am на почетокот на следниот месец! Само напред“, напиша Бејл на социјалните мрежи со што и дефинитивно потврди дека станува професионален голф играч.
AT&T Pebble Beach Pro-Am е професионален голф турнир на PGA турнејата што се одржува секоја година во Калифорнија. Натпреварите ќе се одржат од 2 до 5 февруари.
Меѓу учесниците ќе бидат актерите Бил Мареј и Џејсон Бејтмен, како и голферите Мет Фицпатрик, кој го освои УС Опен во летото 2022 година, и Лук Доналд и Џордан Спит, кои претходно беа најдобро рангирани во светот.