Брегалница минимално против Тиквеш

336

Со голот на интернационалецот од Гана, Рудолф Благоџи кој инаку во моментов е на проба во тимот на Брегалница, штипјани денеска на свој терен го совладаа Тиквеш со 1:0 во пријателски натпревар.

Штипјани долго време го чекаа да пристигне Благоџи и секако како и секој друг фудбалер од Африка, за кого се немало премногу информации претходно, најпрво ќе мине пробен период во синиот дрес, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде и ангажиран.

 

ПретходноСкијањето има нова кралица – Шифрин ја „измести“ Вон од тронот
СледноНено е дел од Ол стар натпреварот од ВТБ лигата!