Арсенал го доби дербито со Манчестер Јунајтед со 3:2 и ги подгреа надежите дека оваа сезона може да ја освои титулата која ја чека речиси 19 години. Тимот на Артета е на првото место на табелата во Премиер лигата со пет бода во однос на второпласираниот Манчестер Сити, кој е актуелен првак со тоа што треба да се напомене дека лондонската екипа има и меч за доигрување што значи дека ако победи максималната позитива може да биде осум поени.
Сепак поранешниот фудбалер на Јунајтед, сега фудбалски аналитичар, Гери Невил вели дека и покрај одличниот напредок на Арсенал верува дека титулата ќе остане кај Сити.
„Останувам на ставот. Не ги гледам како ја освојуваат лигата. Мислам дека Манчестер Сити ќе ја освои ПЛ поради тоа што имаат посебна енергија во тимот. Мислам дека во еден момент од сезоната, Арсенал ќе загуби еден или два натпревари, а Сити ќе им биде на нивните рамена и ќе им стане многу тешко“, -порача Гери за „Скај Спортс“.