На мечот меѓу Милан и Верона во младинската лига во Италија (Примавера) се случи комичен пенал по кој „росонерите“ постигнаа гол. Имено голманот се спремаше да ја изведе акцијата, ја имаше топката во раце но не ја шутна напред туку одлучи да му ја додаде до најблискиот стопер. Додека топката се тркалаше играчот на Верона ја стопира со рацете и ја намести за да изведе слободен удар!?
Судијата досуди игра со рака во сопствениот шеснаесетник и покажа пенал. „Росонерите“ погодија. На крајот мечот заврши 1:1.
Clamoroso rigore in Milan-Verona Primavera. Il portiere rimette in gioco la palla e il difensore la stoppa con la mano. Cosa ho appena visto pic.twitter.com/06o27uJdSd
— SBALLO TOURETTE (@SballoTourette_) January 22, 2023