Лејкерси донесоа Јапонец од Вашингтон!

222

Крајниот рок за трејд во НБА-лигата е 9 февруари, и како и обично, повеќето се очекува да бидат направени во последните денови, па дури и минути. Но, ЛА Лејкерс не можеа повеќе да чекаат и го направија првиот значаен трејд оваа сезона во НБА и го доведоа Јапонецот Руи Хачимура од Вашингтон Визардс.

Тие испратија Кендрик Нан и три идни драфтови во втората рунда. Со ова тие го сочуваа своето највредно богатство во преговорите, првиот круг драфт пикови во 2027 и 2029 година, а во списокот додадоа играч кој може многу да им помогне веднаш.

 

ПретходноСалах: Меси е подобар од Роналдо, тука нема дебата!
СледноБосна во најсилен состав против Македонија!