Рекордна тројкашка вечер за „Кралевите“, блескава партија на Нуркиќ (ВИДЕО)

217

Сакраменто на домашен терен го совладаа Мемфис со убедливи 133-100 и дојде до 27 победа оваа сезона. Со скор од уште 19 порази се наоѓа на третото место во Западната конференција зад Мемфис.

„Кралевите“ доминираа во три четвртини, во првата постигнаа 47 поени, додека во последните две над 30 поени. Противникот во третата четвртина успеа на момент да се врати и да поведе со 71-73, но Сакраменто успеа да го сочува водството и веќе пред крајот да ја превземе контролата.

Сакраменто на дуелот против Мемфис испишаа историја на стартот на мечот. „Кралевите“ постигнаа 12 тројки од 13 обиди во првата четвртина и го изедначија рекордот во НБА-лигата. Имаа шанса да станат единствени, но на минута и пол до крајот на првиот период не реализираа.

Јусуф Нуркиќ одигра еден од најдобрите мечеви во НБА-лигата. За само 26 минути поминати на теренот постигна 25 поени, додаде 11 скока и седум асистенции во победата на неговиот Портланд над Сан Антонио од 147:127.

По дабл-дабл учинокот, на Нуркиќ му беа потребни уште три асистенции за да забележи трипл-дабл учинок. Инаку, Лилард го предводеше Портланд до победата со 37 поени и 12 асистенции, Симонс додаде 26 поени.

Резултати: Детроит – Мемфис 130-150, Орландо – Бостон 113-98, Чикаго – Атланта 111-100, Хјустон – Минесота 119-114, Јута – Шарлот 120-102, Портланд – Сан Антонио 147-127, Сакраменто – Мемфис 133-100.

ПретходноАмериканецот го предаде мечот, Хачанов се надева на изненадување!
СледноВујовиќ: Во Данска со денови ме третираат како криминалец!