Решено: Сите возачи „Driver’s Eye“ камери на кацигите

210

Од оваа сезона сите возачи на Формула 1 ќе имаат минијатурни камери на кацигите кои ќе им помогнат на телевизиските гледачи да видат се што гледа возачот зад воланот на болидот. Формула 1 потпиша договор со Рејсинг Форс груп за користење на камерите за „Driver’s Eye“ во 2023 година.

Инаку ФОМ експериментира со овие камери веќе неколку сезони наназад и се задоволни од тоа како навивачите го прифатија. Во ФИА се сомневаат во овој проект, посебно дали се безбедни за возачите но и за гледачите при катастрофа во смисол на палење на болидот или судир со друго возило или возила или удар по кацигата на возачот.

Во сезоната 2023, камерите ќе бидат минијатурни – ќе тежат само 1,43 грама, приказот на објектите е 8 милиметри, камерата е поставена во внатрешниот заштитен слој на кацигата на ниво на очите на пилотот.

 

ПретходноПоради безбедносни причини, откажан тестот на Скопје со Пирин
СледноГери Невил: Арсенал врши одлична работа, но Сити ќе ја освои титулата