РС на Хрватска најави заминување на Хорват – Не сме задоволни, ова е неуспех

436

Хрватскиот ракомет повторно впиша лош резултат на големо натпреварување затоа што избраниците на Хрвое Хорват завршија на деветтото место на СП.

Тој разговорот со новинарката на РТЛ го почна покажувајќи срце кон камерата, а откако беше прашан дали ќе остане селектор во иднина, наместо да одговори, тој само ја отвори устата и ја тролаше новинарката.

„Што се случи, некоја грешка? Јас одговорив“, рече тој по околу 15 секунди тролање.

Од РС на Хрватска се огласија после мечот со Бахреин и пласманот на деветтата позиција на Мундијалот:

ХРС ја информира јавноста дека не е задоволен од постигнатиот резултат и го смета за неуспех. Минималната цел беше четвртфинале, па во однос на статусот на селекторот, го очекуваме ставот на координаторот Лино Червар. По неговата анализа, Управниот одбор ќе ја донесе конечната одлука“, велат од сојузот.

ПретходноФК Скопје утре на тест со Пирин во Благоевград
СледноЦиципас избори полуфинале на АО против Хачанов