Кјелце го „тресе“ го голема криза. Иднината на полскиот гигант е под знак прашалник, доколку не најде главен спонзор голем дел од играчите ќе си заминат.
Оваа ситуација ја следат сите европски тимови, а првиот чекор веќе го направил Пик Сегед. Како што пишуваат полските медиуми раководството на клубот веќе има подготвено понуда за целото семејство Душебаеви. Унгарскиот првак ги сака Алекс и Даниел, и секако нивниот тактко Талант.
Кјелце има шанса да се спаси до крајот на јануари, доколку не успее во тој случај ќе следат бројни заминувања.
View this post on Instagram