Циципас избори полуфинале на АО против Хачанов

54

Стефанос Циципас успеа во три сета да го победи Јиржи Лехечка со 6-3, 7-6, 6-4 и се пласира во полуфиналето на Австралија опен што е негово четврто полуфинале во последните пет години. Хачанов ќе се бори за прво финале, а утринава рускиот тенисер го совлада Себастијан Корда кој го предаде мечот по негатива од 2-0 во сетови.

Инаку Циципас има максимални пет победи против Хачанов, меѓутоа можеби токму сега ќе биде прекината оваа серија.

Другиот полуфинален пар ќе биде познат утре по одигрување на мечевите меѓу Паул и Шелтон односно Ѓоковиќ и Рублев.

Во женското полуфинале ќе играат Азаренка и Рибакина. Азаренка ја елиминира Пегула со 6-4 и 6-1 додека Рибакина ја елиминира Остапенко со 6-2, 6-4.

Другото женско полуфинале се игра утре изутрина: Плишкова-Линет односно Сабаленка-Векиќ.

ПретходноРС на Хрватска најави заминување на Хорват – Не сме задоволни, ова е неуспех
СледноСтатистиката не лаже – Барселона ја има најдобрата одбрана во Европа