Шалке „торпедиран“ на домашен терен: Лајпциг се прошета во Гелзенкирхен (ВИДЕО)

109

На Шалке не му се пишува добро. Последопласираниот тим во Бундеслигата доживеа уште една нова катастрофа, откако денеска во првиот меч од новото 17. коло на домашен терен беше „торпедиран“ од екипата на Лајпциг со 6:1.

Гостите уште во првите 15 минути поведоа со 2:0 со головите на Андре Силва и на Хенрихс, за до крајот на полувремето со вториот гол на Андре Силва и еден на Тимо Вернер да заминат на пауза со 4:0.

Шалке успеа да намали на 4:1 по само 10 минути игра во второто полувреме преку Козуку, но „биковите“ ја потврдија доминацијата со головите на Олмо (83’) и Поулсен (89’) за конечни 1:6 со кои останаа на второто место на табелата.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Сантош е нов селектор на Полска
СледноТен Хаг: Имаме добра можност да освојуваме трофеи, неделата ја оставивме зад нас