Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е првата полуфиналистка во сингл во женска конкуренција на овогодинешниот Австралијан Опен, откако во четвртфиналето ја совлада победничката на Ролан Гарос од 2017 година, Јелена Остапенко.
Рибакина славеше рутински, по еден час и 21 минута, беше подобра со 2:0 (6:2, 6:4). Таа и во двата сета направи два брејка, додека летонската тенисерка успеа само еднаш во вториот дел.
Рибакина за пласман во финалето ќе се бори со подобрата од мечот меѓу Џесика Пегула и Викторија Азаренка.
Done in two ✅✅
Elena could not be Ryba-keener to be into the #AO2023 semifinals ✊#AusOpen pic.twitter.com/BYpHgV7Vha
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2023