Keлн се засили со косовски репрезентативец

236

Германскиот бундеслигаш Келн го обезбеди второто засилување оваа зима, па така по напаѓачот Дејви Зелке од Херта нов играч на „јарците“ е косовскиот репрезентативец Леарт Пачарада кој доаѓа од второлигашот Ст.Паули.

Договорот на 28-годишниот фудбалер со Келн е до летото 2026 година меѓутоа ќе стапи на сила од 1 јули кога ќе истече неговиот договор.

„Леарт игра на високо ниво веќе неколку сезони и е многу опасен со топката во нозе. Toj ќе ни биде од огромна помош“, додаде извршниот директор на Келн, Кристијан Келер.

Пачарада е роден во Ахен, Германија играл за селекциите на Германија до 16 и 17 години, а има и еден настап за У21 тимот на Албанија. Во 2014 година добива дозвола да игра за Косово и до сега има 24 настапи.

Неговиот татко Шукри Пачарада бил голман на Приштина.

ПретходноЕсенскиот шампион летна за Анталија! (ФОТО)
СледноСалах: Меси е подобар од Роналдо, тука нема дебата!