Лингард: После фудбалот ќе бидам актер

73

Крилниот фудбалер на Нотингем Форест, Џеси Лингард ги откри плановите откако ќе ја заврши фудбалската кариера. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на Вест Хем кажа дека не планира да продолжи во фудбалот (како тренер или слично) туку сака да стане глумец.

По фудбалот, сакам да се посветам на актерството. Можеби ќе студирам нешто. Искрено сега не сум толку добар во искажување на речениците како и гестикулации, па би учел како да се подобрам. Би станал комичар. Би глумел во комедии. Можеби потоа би можел да глумам во големи проекти како Интерстелар (англиски: Interstellar) или Почеток (англиски: Inception). Се разбира, за тоа треба време. Знам дека не можам веднаш да бидам идеален глумец“, изјави Лингард за „Мирор“.

ПретходноГери Невил: Арсенал врши одлична работа, но Сити ќе ја освои титулата
СледноБејл и официјално станува професионален голфер