Нено е дел од Ол стар натпреварот од ВТБ лигата!

94

Македонскиот кошаркарски интернационалец и репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е дел од одбраното друштво во ВТБ рускиот шампионат кое ќе учевстува на Ол стар натпреварот.

Во својата прва сезона во дрест на Уникс Казан, Димитријевиќ покажа и тоа како завидно ниво на форма, и капацитет, па учевството на овој Ол стар дуел воопшто не треба да изненади никого.

Мечот ќе се одржи на 16 февруари, а кошаркарите се поделени на New school и Old School. Димитријевиќ е во New school екипата, заедно со Џастин Робертсон, Џејлен Барфорд, Данил Касаткин, Дерил Мејкон, Самсон Руженцев, Сергеј Карасјов, Антон Астапкович, Андреј Лопатин и Никола Милутинов.

Можно е Македонија на овој спектакл да има уште еден претставник во името на Емил Рајковиќ како тренер. Рајковиќ со ЦСКА Москва сезонава сеуште нема пораз.

ПретходноБрегалница минимално против Тиквеш
СледноВардар во петок патува за Прешов на меч против Татран