ОФИЦИЈАЛНО: Сантош е нов селектор на Полска

111

Фернандо Сантош само еден месец по разделбата со родната Португалија, денеска беше претставен во Варшава како нов селектор на репрезентацијата на Полска.

68-годишниот Сантош стана третиот странски стратег кој ќе ги предводи Полјаците, откако пред него оваа можност ја добија Лео Бенхакер и Пауло Соуса.

Португалецот има задача да го подобри слабиот настап на Полска на последните големи турнири. Од 1986 година, националниот тим ја помина групната фаза на само едно Светско првенство (2022) и едно Европско првенство (2016).

ПретходноАждод прашува за Сандеј
СледноШалке „торпедиран“ на домашен терен: Лајпциг се прошета во Гелзенкирхен (ВИДЕО)