Промотерите на Супер лигата преговараат со 50 клубови

149

Реал Мадрид и Барселона ги продолжуваат активностите за промоција на проектот Супер лига, пишува француски „Л’Екип“. Шпанските клубови заедно со Јувентус останаа на идејата за мега натпреварување кое ќе ги опфаќаат најсилните клубови во Европа, секако, со појаки финансиски награди за учесниците за разлика од ЛШ на УЕФА.

Иако првичниот проект пропадна, сепак, идејата се уште е „жива“, а ја одржуваат првите луѓе на Реал и Барса, Флорентино Перез и Хуан Лапорта.

„Л’Екип“ пишува дека шпанските клубови преку агенција го промовира натпреварувањето и веќе се преговара со 50 клубови од 12 земји, притоа подготвувајќи формат кој е поразличен од првично објавениот.

Меѓу оние на кои е свртено вниманието се клубовите од „средна класа“ кои би имале финансиски бенефит, шанса за развој и ангажман на подобри играчи што реално сега тоа не можат да си го дозволат.

„Лекип“ пренесува дека форматот предвидува и селари-кап ограничувања во однос на платите за фудбалерите, како и други правила кои ќе функционираат подобро од актуелниот финансиски фер-плеј на УЕФА.

Првичниот проект содржеше 15 клубови од топ 5 лигите во Европа, но голем број на екипи се откажаа откако УЕФА им се закани дека ќе ги исфрли од ЛШ и ќе добијат драконски казни.

ПретходноИако играше само половина час – Мудрик го собори рекордот по брзина во Премиер лигата
СледноБарди има понуда од Ница