ФК Скопје утре на тест со Пирин во Благоевград

228

Прволигашот Скопје во среда ќе одигра пријателски натпревар со бугарскиот Пирин на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград со почеток од 12:45 часот (13:45 часот по бугарско време). Мечот е најавен на официјалната ФБ страница на бугарскиот прволигаш.

Скопје минува низ доста проблеми сезонава, екипата е на последното место на табелата со 11 бода (2 победи, 5 ремија и 9 порази), а тимовите што се пред него и ги држат местата за плеј-аут Академија Пандев и Победа имаат 12 односно 13 бодови. Работнички кој е првиот тим над опасната зона има 18 бода.
Taка Скопје го чека тешка борба за опстанок во најсилната македонска лига.

ПретходноБарди има понуда од Ница
СледноРС на Хрватска најави заминување на Хорват – Не сме задоволни, ова е неуспех