Статистиката не лаже – Барселона ја има најдобрата одбрана во Европа

125

Екипата на Барселона реди победи и е на чело на табелата во Ла Лига со големи шанси да ја врати титулата на „Ноу Камп“. Новата Барселона предводена од Чави можеби не игра атрактивно како порано, меѓутоа ја остварува целта – ги добива натпреварите. Таков беше случајот против Хетафе кога во слаба игра победија со 1:0 со гол на Педри.

Можеби не е најефикасна меѓутоа по 17 кола во првенството Барселона има најдобра одбрана не само во Шпанија туку и во Европа. Досега прими шест гола што е клупски рекорд бидејќи се надминати достигнувањата од сезоните 1986/87 и 2017/18 кога примила по седум гола после исто толку одиграни натпревари.

Сепак, апсолутниот рекорд се уште го држи Ла Коруња која во 1993/94 примила само пет гола во истиот период.

Од 17 меча на дури 13 не се затресе мрежата на голманот Тер Штеген, а најблиску до Барса по примени голови е Виљареал.

Од шесте примени гола досега, два се од пенали (против Реал и Осасуна). А уште поинтересно е што Барселона се уште нема примено гол на „Ноу Камп“ во досегашниот дел од сезоната.

ПретходноЦиципас избори полуфинале на АО против Хачанов
СледноСкијањето има нова кралица – Шифрин ја „измести“ Вон од тронот