Тиаго Силва потпишува нов договор со Челзи

76

Иако има веќе 38. години тоа не го спречува Тиаго Силва сеуште да игра на највисоко ниво. Сеуште е дел од тимот на Челзи, и ќе продолжи да биде затоа што ќе потпише нов договор со клубот од Лондон. Неговиот актуелен дил е важечки до крајот на сезоната но управата смета дека тој сеуште е потребен, па затоа му понуди нов.

Челзи продолжува да прави големи промени во одбраната, но Силва останува константа. Минатото лето, Лондон го загубија Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, кои си заминаа како слободни играчи. Беа доведени Кулибали и Фофана, а и Беноа Бадијашил. Сепак, Силва и натаму ќе биде дел од Челзи, барем уште една сезона.

 

 

ПретходноБејл и официјално станува професионален голфер
СледноАждод прашува за Сандеј