ТФТ поразен од „фенерџијата“ во второлигашката јадранска конкуренција!

109

Нова променлива игра на ТФТ во второлигашкото јадранско натпреварување, овој пат против „фенерџијата“ Шенчур за нов пораз, овој пат број шест. Избраниците на Боро Смилковски беа совладани од тимот кој до оваа средба не знаеше за победа. Крајниот резултат беше 74-91.

Костоски со 18 поени беше прв стрелец, зад него беше Батрик со 16 поени.

Тимот од Тафталиџе по 6-7 на стартот, со серија од 6-0 поведе со 12-7, но брзо ја изгуби оваа позитива, по прваѕа четвртина беше 16-16. И кога се чинеше дека избраниците на Боро Смилковски ја имаат контролата на мечот, противникот со серија од 13-0 поведе со 35-43 по одморот. И не застана тука, имаше плус 12 на двапати (44-56 и 46-58), но исто како ТФТ влезе во криза.

Македонскиот тим го искористи овој момент успеа да се врати на 56-59 и повторно му дозволи на Шенчур да избега резултатски. По само 3:30 минути игра беше 58-69. ТФТ кратко покажа нешто подобра игра, намали на пет поени разлика, но немаше сили за пресврт, премногу промашени и изгубени топки им донесоа нов пораз.

Она што не беше сфатливо е зошто тимот од Тафталиџе во последната минута прваше брзи фаули кога негативата беше 16 поени.

Во следното коло ТФТ игра против Широки, мечот е за два дена.

ПретходноЛацио го „растури“ Милан и го турна Наполи кон Скудетото (ВИДЕО)
СледноЊукасл почнал преговори со Гордон, фудбалерот денеска не бил на тренинг