Американецот Пол го чека Новак или Рубљев во полуфиналето на АО

147

35-от светски рекет Томи Пол од САД успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен откако утрово го победи својот 20-годишен сонародник Бен Шелтон со резултат 7:6 (6), 6:3, 5:7, 6:4.

25-годишниот Американец за првпат се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир, откако во мелбурн само по 14-ти пат игра во главен турнир од Грен Смел серијата.

Пол поради настапот во Австралија ќе успее да се пробие и во ТОП 20 листата на АТП. Инаку во полуфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Андреј Рубљев и Новак Ѓоковиќ.

ПретходноЈокиќ се врати, Денвер победи, Далас повторно поразен
СледноСмилковски: Проблемите во ростерот си го направија своето