Попладнево во Анталија, на својот прв пријателски меч, есенскиот шампион на ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум беше поразен од Локомотив Ташкент со 1:2. Тим од Узбекистан, за кој настапува и нашиот интернационалец Бојан Најденов.
Голот за нашиот тим бил дело на Фљамур Таири од пенал.
Да споменеме дека експедицијата на Струга ТЛ вчера пристигна во својата база во Анталија, а покрај овој дуел со тимот од Узбекистан, стружани ќе одиграат и со Кривбас, Вејле (Данска) и Петрокуб (Молдавија).