Рафиња (26) летоска на “Камп Ноу“ за 58 милиони евра дојде од Лидс. Бразилскиот напаѓач беше најавуван како големо засилување, стратегот на Барса, Чави Ернандез дури го споредуваше и со Нејмар.
Но сепак ништо од тоа. Бразилскиот репрезентативец сите ги разочара во Барселона, па сега каталонскиот гигант не бира начин како да го откачи.
На 25-мечеви, Рафиња постигна четири гола, имаше и седум асистенции, премалку за него. Секако дека сега се поретко добива шанса од Чави во стартните единаесет.
Договорот му е до 2027, но кажано му било на неговиот менаџер Деко, поранешниот репрезентативец на Португалија, дека може да бара нов клуб за неговиот пулен.