Дебоне ја отпиша Германија, Франција закажа полуфинале со Шведска!

222

Шведска и Франција е втората полуфинална двојка на Светското првенство кое овој викенд ќе ја добие комплетната завршница.

Жешко беше во Гдањкс. Таму видовме вистинска битка за полуфинале. Херојот на Франција е Реми Дебоне, кој во второто полувреме едноставно беше фантастичен, на крајот запиша 16 одбрани. Токму тој ја водеше Франција на крајот кон убедлив триумф од 35-28. Волф беше исто добар, исто запиша 16 интервенции, недоволни за победа на неговата земја.

Фабрегас и Ремили имаа по пет гола, кај поразениот тим Гола запиша шест гола.

Германија на стартот на второто полувреме поведе со 17-19, откако направи серија од 3-0. На другата страба Франција на крилата на Дебоне, кој беше одличен на голот, одговори со 5-0 серија за 23-22 во 43 минута. „Триколорите“ водеа и со 25-21. Германците дојдоа на минус два, но француските ракометари на нецели осум минути до крајот предводени од Маје и Фабрегас имаа плус пет 29-24. Германците не најдоа начин да се вратат, на крајот им остана да се помират со поразот.

Шведска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го совлада Египет со 26-22. Еден од домаќините на овој шампионат уште во првото полувреме најави дека е цврсто решен да го добие дуелот, водеше со 14-9.

По одморот тимот на Роберто Гарсија Парондо одиграа рамноправно, беа подобри со еден гол, но тоа не беше доволно за да се совлада противникот, кој во Стокхлом имаше максимална поддршка.

Никлас Екберг со шест гола беше лидер кај победникот, на другата страна Кадах и Махмуд имаа по пет погодоци.

ПретходноСоколески со порака од Плоцк: Знаеме и можеме многу подобро! Поддршката ни значи, критиката не МОТИВИРА!
СледноФранкфурт со бод на гостувањето кај Фрајбург, Унион Берлин триумфално во Бремен! (ВИДЕО)