Во меч од 17.коло во Бундеслигата, Мајнц и Борусија Дортмунд одиграа 1:2, со триумф на гостите откако Реина постигна победнички гол во 90+3.минута.
Интересно е тоа што веќе во 4.минута резултатот беше 1:1.
Прво поведе Мајнц со голот на Ли Јае-Сунг во 2.минута, за да во 4.израмни Риерсон.
И тие 1:1 важеа се до 90+3.минута кога по асистенција на Алер, Реина погоди за победа, три бода, за голема радост на Борусија Дортмунд.